Макаларм во соработка со Партизан од Чешка доби награда за најдобра CCTV апликација на Adria Security Summit 2019.

Partizan Security е познат европски производител на системи за видео надзор и системи за контрола на пристап. Нивната мисија е безбедносните системи да бидат лесни за користење за кој било вид на корисници. Поради тоа, производите на Partizan Security брзо се продаваат на меѓународните пазари и сега овој производител има водечка позиција во безбедносната индустрија во Европа.

Оваа година, апликацијата за мобилен телефон, освои прва награда за „Најдобра CCTV мобилна апликација 2019“ на Наградите за извонредност на Adria Security Summit 2019 одржан во Александар Палас во Скопје.

Меѓународното жири беше воодушевено од револуционерната мобилна апликација за системите на видео надзор. Европскиот квалитет, високите безбедносни стандарди, широката функционалност и брзината, стилскиот и иновативен интерфејс кој е лесен за користење за крајните корисници и помогнаа на оваа апликација да победи во толку голема номинација. Покрај тоа, апликацијата може да изврши било какви задачи - од гледање видео од домашна камера до следење на професионален систем за видео надзор.

Клучните предности на апликацијата се: гледање на видео во живо и работа со видео архивата на еден екран, уникатна технологија на „безжичен приклучок“ за конфигурирање и поврзување на безжични уреди и мала потрошувачка на енергија на мобилните уреди.

Во однос на дополнителни фукционалности, апликацијата нуди разновиден пакет на алатки - снимки достапни со еден клик или зачувување на видео архива, контрола на гестикулациите со PTZ, визит-картичка за апликации за монтери и многу повеќе.

Макаларм е ексклузивен застапник и деловен партнер на Pаrtizan Security во Македонија. Апликацијата Partizan е погодна за сите уреди на iOS и Android платформи. Линк за преземање:

Play Market: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.partizan.pro

App Store: https://apps.apple.com/ua/app/partizan/id1473001227