КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ СО ПОМОШ НА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ВРЕМЕ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД-19

Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирусот. Оваа информација за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот на СЗО можат да бидат од голема помош за компаниите, образовните центри и институциите.

Земајќи го во предвид фактот дека вонредните услови бараат вонредни мерки, фокусот на ова известување ќе биде технологијата која може да помогне во детектирање на потенцијално инфецирани луѓе во оваа ситуација и во сите слични ситуации од овој тип што можат да настанат.

Partizan Security нуди нов паметен портал кој е прилагоден за новонастанатата ситуација. Овој портал има вградена термална камера која ја мери телесната температура на лицата кои ги детектира. Овој портал содржи и екран каде е испишана телесната температура, но и нуди додатни паметни можности како распознавање на лица (со или без маска), распознавање дали лице носи маска како и алармни известувања во однос на непознато лице, покачена телесна температура, неносење на маска итн.

Клучните предности на овој портал е можноста за интеграција со постоечкиот систем за техничка безбедност, при што може да се блокира влез на непознато лице, при неносење на маска, при покачена температура итн.

Спесификацијата е следна: 1/2.7'' CMOS FULL HD сензор; 2.0MP, 1920x1080 резолуција; 7'' IPS дисплеј, 16GB интерна меморија, Wiegand 26/34, alarm output излезен интерфејс; RJ-45 (10/100Base-T) нетворк интерфејс, вграден аудио звучник, метално куќиште, мерење на температура на дистанца помала од 1 метар, ранг на температура од 30 до 45 степени, точност на мерење на температура +/- 0.3 степени, препознавање на лице на дистанца помала од 3 метри, датабаза за најмногу 22.400 лица, датабаза за максимум 100.000 настани.

Овој смарт портал е идеален за инсталација во сите видови на објекти, државнни, институционални, трговски и резиденцијални. Погоден е и за образовни установи, фабрики, инфраструктурни објекти, гранични премини, трговски маркети, стадиони, музеи итн.

Макаларм е ексклузивен застапник за Partizan Security во Македонија. Доколку сакате да добиете понуда за набавка или инсталација, контактирајте не. Ќе ви одговориме во најкраток можен рок.