За нас

Макаларм е фамилијарна компанија.

Љупчо Аврамовски е дипломиран електро инженер и е основач и генерален директор на Макаларм, со претходно менаџерско искуство во компании како Искра Словенија. Љупчо има повеќе од 37 години искуство во областа менаџирање со инженерски проекти. Димитар Аврамовски е менаџер за продажба на ИТ производи. Тој е дипломиран инженер по компјутерски науки. Задолжен е за персонализација на процесот на продажба на Макаларм. Даниела Аврамовска-Смилковска е проектен менаџер во Макаларм. Има завршено Executive MBA на Шефилд Уиверзитетот и е акридетирана содиплома за завршен 7ми степен за Стратешко Лидерство и Развој од Chartered Management Institute од Велика Британија. Има искуство во проекти за развој на бизнис, маркетинг и управување со продажба. Даниела е исто така одговорна за развивање на стратешките планови за организирањето како и поддршка и контакт меѓу сите страни вклучени во иновативниот процес на компанијата. ИТ менаџер е ​Дарко Павловски кој е дипломиран инженер по информатички технологии на Универзитет Св- Кирил и Методиј - Природно-математички факултет. Дарко има 10 годишно деловно искуство во развој и дизајн на планови за интегрирани системи, конфигурација на системи за техничко обезбедување и .Net програмирање.

Грантови

Мак Аларм е добитник на грант од страна на Фонд за иновации и технолошки развој за IT решение со работен наслов NovaPark

fitr

Со цел да се понудат целосни и интегрирани решенија од хардвер и софтвер, Макаларм има потреба да развие стратешко партнерство со компанија (во овој случај, Новакод) која ќе работи на проектите за развој и одржување на софтвери. Првиот проект се однесува на развој на софтверско решение за контрола и наплата на паркинзи со вклучени модули за собирање информации и апликации за приказ на истите. Софтверското решение “Novapark” е комплетно решение за контрола и наплата на паркинзи како и собирање и прикажување на реални податоци од самите паркинзи, како бројот на слободни паркинг места, цената за паркирање од час, и статистички податоци за зафатеноста на паркинзите. Со изработката на ова софтверско решение се овозможува во реално време да се прегледаат слободните паркинг места на паркинзите кои ќе се поврзат на системот. Исто така, многу корисно за крајниот корисник ќе биде и плаќањето преку интернет за паркинг местото како и резервацијата на паркинг место преку мобилната апликација. Главната иновација е можноста крајниот корисник на мобилната апликација да отвори мапа со паркинзите во негова близина и да добие реални информации за цената на паркинг услугата за одредено паркинг место како и слободните паркинг места на одредени паркиралишта. Исто така голема придобивка е и резервирањето на паркинг место и можноста за плаќање на паркинг услугата преку мобилната апликација при што се генерира код на апликацијата со кој корисникот ќе го искористи правото на паркинг.