ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Основна цел на Макаларм, е да обезбеди квалитетна услуга на своите Купувачи вклучувајќи дизајн, инсталација и одржување на широк спектар на интегрирани технички системи: видеонадзор, аларми, контрола на пристап, софтвери за анализи, сензори, автоматски рампи, интегрирани системи, мрежи, технички мониторинг, централи, противпожарни системи.

За реализирање на својата основна цел Макаларм, првенствено се фокусира на задоволството на Купувачите, управување со информатички услуги, заштита на податоците, управувањето со квалитет, заштитата на животната средина и здравјето и безбедноста на вработените при работа а тоа го постигнува со почитување на следните цели:

1. Задоволството на клиентите, управување со информатички услуги, заштита на податоците, управувањето со квалитет, заштитата на животната средина и здравјето и безбедноста на вработените да станат клучни елементи во значајните менаџмент одлуки;

2. Да се постигне стандарден квалитет на производи и услуги, грижа за животната средина и безбедноста и здравјето при работа;

3. Постојано да го подобруваме квалитетот, управувањето со информатичките услуги и еколошката одржливост и безбедност и здравје и работа во зависност од потребите на Купувачите;

4. Постојано да ја подобруваме ефикасноста на нашиот систем за квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа, управување со информатички услуги и заштита на податоци;

5. Да ги запознаеме вработените, поддоговарачите и добавувачите со законската легислатива за животна средина, заштита на податоци, здравјето и безбедност при работа и дејноста на Организацијата;

6. Да ги идентификуваме значајните влијанија од сопствените процеси, производи и услуги врз животната средина и безбедност и здравје и работа;

7. Да воспоставиме цели за квалитет, општи и посебни цели и програми за животна средина и безбедност и здравје при работа и истите континуирано да ги анализираме;

8. Да ги едуцираме и вклучиме вработените, клиентите, добавувачите и општеството и да размениме знаења во однос на квалитетот и животната средина и безбедноста и здравјето при работа;

9. Да преземеме мерки за заштита на животната средина и безбедноста и здравјето при работа;

10. Да вршиме постојано напредување во управувањето со здравјето и безбедноста и воспоставување на работни процеси кои ги штитат нашите вработени од повреди или заболувања при работа.

Политиката за квалитет и животна средина е достапна на јавноста и преставува рамка за утврдување и преиспитување на целите за квалитет, заштита на податоците, здравјето и безбедноста при работа и заштита на животната средина.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ ЗА ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Врз основа на член 25, став 2, од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“) бр. 68/2004 и 71/2004), МАК АЛАРМ генерира следен вид на отпад:

I. Отпад од пакување, апсорбенти и заштитна облека што не е спесифицирана поинаку;

II. Отпад од електрична и електронска опрема;

III. Комунален отпад.

Постапувањето со колективниот отпад од електрична опрема, батерии и акумулатори е доверено на компанијата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје која е овластен и лиценциран колективен постапувач за управување со овој тип на отпад во име и за сметка на производителите. Во однос со постапувањето со отпад од пакување како и комуналниот отпад, Макаларм се придржува до најстроги стандарди за рециклирање и има склучено договор за колективно постапување со компанијата ПАКОМАК, чија дејност е управување со ваков вид на отпад.