Понуда

БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

Нашиот тим од експерти ќе работи со Вас за целосно да ги разбере Вашите безбедносни или интеграциски потреби или пак да ги идентификува потенцијалните пропусти во постоечките системи. Она што ќе го добиете ќе биде ново персонализирано решение или пак препораки за надградба на постоечките решенија.

ДИЗАЈН

Ние ќе дизајнираме безбедносен систем кој е наменет исклучиво за Вас, користејќи најнова технологија од водечки глобални брендови.

ИНСТАЛАЦИЈА

Во најкраток рок, нашиот тим ќе го инсталира Вашиот нов аларм, домофон, CCTV систем или било кој друг продукт или пак, интегрираното решение.

МОНИТОРИНГ И ОДДРЖУВАЊЕ

Мониторинг услугите гарантираат безбедност на Вашите простории. Дополнително, нашите тимови за одржување и сервисни служби се достапни 24/7 и обезбедуваат услугата кога и да Ви е потребна.