Референци

html5 bootstrap by colorlib.com

EVN Македонија

ЕВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Македонија. На македонскиот пазар компанијата е од 2006-та година како дел од групацијата EVN.

html5 bootstrap by colorlib.com

Империал Тобако ТКС А.Д.

Империал Тобако ТКС А.Д. произведува и продава тутунски производи во Македонија. Компанијата е со седиште во Скопје, Македонија. Империал Тобако ТКС А.Д. работи како подружница на Империал Тобакоп Груп.

html5 bootstrap by colorlib.com

Спортски центар Јане Сандански

Спортскиот центар Јане Сандански претставува најголем повеќефункционален спортски центар во Република Македонија. Спортскиот центар се состои од голема и мала сала. Големата сала (Спортска Арена) има капацитет од 6.500 посетители и е направена според стандардите за играње на сите кошаркарски и ракометен натпревари.

html5 bootstrap by colorlib.com

Европски Универзитет Македонија

Европскиот универзитет е модерна високообразовна институција која ја промовира својата образовна, кадровска и материјална база. Универзитетот обезбедува кадровска поддршка во реализацијата во процесот на транзиција на системот.

html5 bootstrap by colorlib.com

Универзитет ФОН

Универзитетот ФОН е втор (по Универзитетот на Југоисточна Европа) приватен универзитет основан во Република Македонија, по либерализацијата на Законот за високо образование во 2002 година. Универзитетот содржи 10 факултети со вкупен академски кадар од 170 професори и асистенти, и технички персонал од 90 вработени. Универзитетот е прва високообразовна институција во Македонија која целосно ги има имплементирано Болоњските барања и Европскиот кредит трансфер систем.

html5 bootstrap by colorlib.com

Аџибадем Систина

Прва болница во Македонија акредитирана според Joint Commission Internatinal. Аџибадем Систина е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот. Се простира на 22.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 ката. Опремена со 11 најсовремени операциони сали и капацитет од 275 болнички кревети и 39 интензивни места (хирургија, кардиохирургија, кардиологија и неонтаологија).

html5 bootstrap by colorlib.com

Рамстор Македонија

Рамстор мол е првиот трговски центар со глобални стандарди во Македонија, кој започна со работа во 2005 година со повеќе од 90 продавници и брендови. Рамстор има и супермаркети кои ги нуди своите услуги во 6 различни градови низ Македонија со вкупно 24 маркети.

html5 bootstrap by colorlib.com

Македонска Берза АД Скопје

Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје е посредничка финансиска установа во Македонија. Таа е организирана како акционерско друштво со седиште во Скопје и се занимава со организација, извршување и регулирање на трговијата со хартии од вредност. Таа е прва и единствена финансиска установа од ваков тип во историјата на Македонија.

html5 bootstrap by colorlib.com

Градски Трговски Центар АД Скопје

Градски трговски центар (скратено ГТЦ) е трговски објект изграден покрај реката Вардар, во центарот на градот Скопје, Македонија. Изградбата била официјално започната на 11 октомври 1969 година, а на 27 април 1973 бил пуштен во официјална употреба. Градскиот трговски центар претставува културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот Скопје.

html5 bootstrap by colorlib.com

Комерцијална Банка АД Скопје

Комерцијална банка А.Д. Скопје е универзална банка која има дозвола за вршење на сите видови банкарски работи, комбинирајќи ги функциите на комерцијалното банкарство, штедните влогови и инвестициите, како и банкарските услуги кои им се обезбедуваат на граѓаните и претпријатијата во областа на платниот промет во земјата и во странство.

html5 bootstrap by colorlib.com

Стопанска Банка АД Скопје

Стопанска банка АД Скопје е универзална банка која има дозвола за вршење на сите видови банкарски работи, комбинирајќи ги функциите на комерцијалното банкарство, штедните влогови и инвестициите, како и банкарските услуги кои им се обезбедуваат на граѓаните и претпријатијата во областа на платниот промет во земјата и во странство.

html5 bootstrap by colorlib.com

Шпаркасе Банка Македонија

Шпаркасе Банка е дел од Групацијата Шпаркасе, лоцирана во Република Македонија.

МЕПСО АД СКОПЈЕ

А.Д. МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор) е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи.

html5 bootstrap by colorlib.com

Народна Банка на Република Македонија

Народната банка на Република Македонија е централна банка, и следствено, единствената емисиона банка во Македонија.

html5 bootstrap by colorlib.com

Француска Амбасада во Македонија

Француската Амбасада во Скопје е една од 65те странски преставништва во Скопје, Македонија.

html5 bootstrap by colorlib.com

Британска Амбасада во Македонија

Британската амбасада во Скопје ги одржува и развива односите меѓу Велика Британија и Македонија.

Влада на Република Македонија и други државни институции